Утрински Весник
Македонија

Крешник Бектеши да оди во куќен притвор бара Обвинителството за пожарот во дискотеката Пулс

Kresnik bektesi 9.jpg

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во дискотеката „Пулс” ги привршува дејствијата на распити на сведоци – очевидци на настанот.

Распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика.


Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди.

Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени, обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор.

Можете да прочитате

СДСМ: Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и привезок на Мицкоски

Мицкоски: Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со соседите и ЕУ

Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадено јагне и/или јаре