Утрински Весник
Свет

Кремљ: Се приспособивме на животот под санкции

Kremlj.jpeg

Русија создаде одреден имунитет кон западните санкции и се прилагоди на нив, соопшти Кремљ, откако Европската Унија се согласи на 18-ти пакет санкции против Москва, кој вклучува мерки насочени кон нејзината нафтена индустрија.

Новиот пакет има за цел да ја ограничи цената на руската сирова нафта на 47,6 долари за барел, изјавија дипломати за Reuters.


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги опиша новите мерки на ЕУ како еднострани и нелегални, велејќи дека санкциите се во согласност со она што го нарече „конзистентен антируски став“ во Европа.

„Но, во исто време, се разбира, веќе стекнавме одреден имунитет од санкциите, се прилагодивме на животот под санкции“, им рече Песков на новинарите.

„Се разбира, ќе мора да го анализираме новиот пакет за да ги минимизираме последиците. Покрај тоа, секој нов пакет санкции носи негативен ефект за земјите што го поддржуваат. Тоа е меч со две острици“, рече Песков.

Руската влада и трговски извори го намалија влијанието на новите ограничувања, велејќи дека не веруваат дека руската трговија со нафта ќе биде значително нарушена.

Можете да прочитате

Шестмина загинати и над 100 киднапирани во вооружен напад во Нигерија

Лос Анџелес: Три лица загинаа во експлозија во тренинг центар на локалните безбедносни сили

Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху