Утрински Весник
Свет
Img 7972

Кремљ: Русија е блиску до протерување на украинските сили од Курск

Putin Kursk.jpg
300x250 opst2

Рускиот претседател Владимир Путин вчера го посети западниот руски регион Курск за првпат откако украинските сили зазедоа дел од територијата во регионот.

Путин, облечен во воена униформа, го посети контролниот центар во областа Курск што го користат руските сили, објави руската државна телевизија.


– За волја на вистината, во најкус можен рок треба конечно да го победиме непријателот кој е вкоренет во Курската област и се уште спроведува одбранбени дејствија овде, рече Путин во своето обраќање до рускиот воен врв.

Валери Герасимов, началникот на рускиот Генералштаб, го информира претседателот дека украинските сили во областа Курск сега се опколени. – Во тек е нивно систематско уништување, рече Герасимов.

Но, командантот на украинската армија, Олександр Сирски, на Фејсбук објави дека борбите продолжуваат во предградијата на градот Суџа и дека украинските сили ќе продолжат да дејствуваат таму „се додека тоа е неопходно и има смисла“.

Можете да прочитате

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија