Утрински Весник
Свет

Кремљ: Путин ќе биде главен гостин на парадата во Пекинг

Putin3.webp.webp

Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде главен гостин на настаните по повод одбележувањето на 80-годишнината од победата над милитаристичка Јапонија во Пекинг, вклучувајќи и парада, соопшти денеска помошникот на рускиот лидер, Јуриј Ушаков.

Путин ќе ја посети Кина од 31 август до 3 септември, каде што ќе учествува на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Тјенѓин, а потоа во Пекинг ќе присуствува на воена парада.


– Нашиот претседател на 3 септември, како главен гостин, кинеските претставници тоа на секој можен начин го истакнуваат, ќе присуствува на свечените настани посветени, како што веќе кажав, на 80-годишнината од победата над милитаристичка Јапонија и завршувањето на Втората светска војна, рече Ушаков.

Можете да прочитате

Опозициската партија Тиса ја зголемува предноста пред Фидес пред парламентарните избори во Унгарија

Маж застрелан во Аризона за време на инцидент со гранична патрола

Вашингтон разгледува можен воен удар врз Иран