Утрински Весник
Свет

Кремљ: Не е точно дека на европските претставници им предложивме мировен договор

Русија официјално ја призна независноста на Доњецк и Луганск

Кремљ денеска го отфрли тврдењето на Украина дека висок руски функционер им ја претставил на европските претставници идејата за потенцијален мировен договор во Украина. Олексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, во четвртокот на јавната телевизија изјави дека Дмитриј Козак, заменик-шефот на претседателската администрација на Русија, се состанува со европски претставници во обид да го принуди Киев на „неповолен мировен договор“.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го опиша тврдењето како „уште една лага“. Тој додаде дека новите испораки на западно оружје за Киев „ќе ги продлабочат страдањата на украинскиот народ“ и нема да го сменат текот на конфликтот. Ова снабдување нема да може ништо да промени“, им изјави Песков на новинарите на дневниот брифинг.

Украина, која остварува одредени придобивки на бојното поле по инвазијата на Русија минатиот февруари, побара од своите западни сојузници да ѝ снабдат тешко вооружување и противвоздушна одбрана за да ја претвори повеќе од 10-месечната војна во нејзина корист.

Москва го осуди упадот на бунтовниците во бразилските институции. Русија денеска им се приклучи на голем број земји, кои го осудија упадот на приврзаниците на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро во државните институции и изразија поддршка за новиот претседател.

Можете да прочитате

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја

Шпанија воведува платено климатско отсуство