Утрински Весник
Свет

Кремљ: Јасно е дека не сакаат преговори

Кремљ му одговори на Кадиров: Во тешки времиња треба да се исклучат емоциите

Изјавата на украинскиот претседател Зеленски дека нема да има „Минск-3“ ја потврдува позицијата на Киев дека не сака да преговара, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

На прашањето на РИА Новости дали овие зборови на Зеленски го потврдуваат ставот дека нема да има преговори со Руската Федерација, Пекосв кратко одговори: „Апсолутно потврдуваат“.

Претходно, во видео обраќање до лидерите на Г-20 на Бали, Зеленски рече дека Русија мора да ги повлече сите свои војници од територијата на Украина и дека не може да има територијални отстапки од страна на Киев.

„ Очигледно е дека на зборовите на Русија не може да им се верува и нема да има Минск-3, што Русија ќе го прекрши веднаш по неговото склучување“, рече Зеленски, пренесе Интерфакс Украина.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година