
Креаторката на првата вештачкоинтелигентна глумица „Тили Норвуд“, Елин ван дер Велден изјави дека вештачките глумци нема да им ја преземат работата на своите колеги (луѓето), туку, парадоксално, ќе отворат повеќе простор за нив.
Продуциското ВИ-студио „Партикл-6“ предизвика бура во Холивуд преставувајќи ја „Тили“. Основачот на студиото, глумицата и комичарка Ван дер Велден даде изјава за „Скај њуз“ дека овој дигитален лик е измислен да функционира во сосема поинаков жанр – ВИ-забавата, што, според неа, во никој случај не треба да го потисне традиционалниот филм.
– „Тили“ не е создадена да ја преземе или украде работата на вистинските глумци. Таа треба да остане во ВИ жанрот и таму да биде ѕвезда. Сакав да има сопствен креативен пат, појаснила.
И покрај уверувањето на креаторката, „Тили“ наиде на сериозни критики. Глумицата Емили Блант ја нарече „вистински“ застрашувачки лик, додека пак синдикатот на американските глумци „САГ- АФТРА“ соопшти дека „Тили“ не е глумица, туку компјутерски генериран лик обучен според работата на безброј професионалци без нивна дозвола.
Вен дер Валден на тоа одговори дека Холивуд мора да научи да живее со ВИ-технологијата.
– Не можеме да ја сопреме. Ако ја ставаме главата во песок, тогаш нашата работа вистински ќе исчезне. Но ако научиме да ја користиме, особено во Велика Британија, можеме да станеме креативна сила, ветува Елин.
Основачот на студиото „Партикл-6“ наведи дека ВИ веќе помага со проектите и покрај недостатокот на буџет – и тоа така што некои сцени можат да се заменат со синтетички кадри, преку кои се постигнува да заживее продукцијата.
– Некои продукции заглавуваат откако не можат да најдат 30 отсто буџет. Со ВИ можеме да надоместиме дел од снимањата и со тоа да го започнеме целиот проект. Тоа подразбира повеќе работа, повеќе ангажирани глумци, што е многу позитивно, заклучи Елвин.

