Утрински Весник
Македонија

Краток летен здив за политичарите: Мицкоски во Хрватска, Муцунски во Турција, а Сиљановска активна во Охрид

Img 3585.jpeg

Почетокот на август носи привремено затишје на македонската политичка сцена. По одбележувањето на Илинден, голем дел од функционерите избраа да искористат неколкудневен летен одмор, пред да започне есенскиот политички бран и предизборните активности за локалните избори во октомври.

Премиерот Христијан Мицкоски се наоѓа во Хрватска, каде, според владината прес-служба, ќе остане наредните четири дена. Министрите исто така ја користат можноста за кратко бегство од обврските. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски летува во Турција со семејството, додека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одмора во Црна Гора. Министерката за енергетика Сања Божиновска избра европска дестинација – Прага.


Но, не сите министри одлучија да го напуштат работниот распоред. Министерката за образование Весна Јаневска останува во Скопје, продолжувајќи со тековните активности, а министерот за здравство Азир Алиу одлучи целосно да го посвети летото на своите ангажмани без пауза.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, пак, престојува во претседателската вила во Охрид, каде што продолжува со службените активности. Таа неодамна имаше две официјални средби, за кои извести преку социјалните мрежи.

Собранието е на летна пауза, но претседателот Африм Гаши сè уште е активен. Од него се очекува во наредните денови да ги распише локалните избори. Пратениците ќе се вратат на своите обврски во втората половина на август, кога почнува подготвителната фаза за есенските избори.

Летниот здив за функционерите доаѓа како кратка пауза пред новиот политички интензитет кој ќе го донесе изборната кампања, кога повторно ќе се активираат сите партиски структури во трката за локална власт.

Можете да прочитате

М-НАВ им забрани влез на синдикалците додека вдомува партиски кадри

Забраната за движење во шуми продолжена до крајот на август

ВМРО-ДПМНЕ: ХС Ѓавато беше запуштен од СДС, работиме на санирање на штетите и тој сега функционира