Утрински Весник
Македонија

Кралство Шпанија дава еден милион евра за Охридското Езеро

90ea6295 Bd8d 445c 9ec7 Ee2f3462f26e.jpeg

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата земја, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз.

Меџити во текот на состанокот го информирал амбасадорот Ортиз за приоритетите на Владата и Министерството за животна средина а разговарале за можностите за забрзување на процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија.


Меџити изјави дека нашите две пријателски земји имаат 30 години дипломатски односи, засновани на мултилатерална соработка и меѓусебно почитување, додека Шпанија спроведува европска политика која како суштинска компонента го има проширувањето на европското семејство со цел создавање заеднички простор на правила и вредности што ќе ја осигураат благосостојбата на нашите граѓани.

Во рамките на билатералната соработка со Кралството Шпанија, шпанската влада даде техничка помош со грант од приближно 1 милион евра, за консултантски и инженерски услуги за системот за одведување и третман на отпадни води за Охридското Езеро, за што Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити му се заблагодари за поддршката.

Можете да прочитате

(Видео/Фото) Големо албанско знаме се вее среде Водно

Народот е гладен, цените повторно се качуваат за да се намалат – Граѓаните за последната мерка на Владата (ВИДЕО)

Цената на лебот да се намали на 20 денари, бара Асоцијацијата на земјоделци и фармери