Утрински Весник
Магазин

Крадец од Холандија провалил во куќа, па си зготвил колбаси, полицијата го фатила на дело

Kolbasi Epa.jpg

Холандската полиција фатила гладен провалник на дело во градот Етен-Лер во провинцијата Северен Брабант.

Полицајците кои реагирале на дојава за кражба на куќа, го фатиле крадецот како подготвува колбаси, во куќата во која провалил, соопшти локалната полиција.

„Бизарен расплет на настаните. По кражбата осомничениот бил пронајден како пржи колбаси во куќата“, соопшти полицијата на „Икс“, откако го фатила провалникот на лице место.

Полицијата го привела осомничениот и го привела на распит во полициска станица. Како „доказ“ ги заплениле и колбасиците.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 02 март 2026

Јелена Томашевиќ колабираше на сцена, настапот итно прекинат

Овие хороскопски знаци најмногу се двоумат