Утрински Весник
Свет

Крадци ја ограбија банката Шпаркасе во Германија

Germany Police Polizei.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Крадци ја ограбија банката Шпаркасе во Гелзенкирхен, Германија. За време на грабежот испразниле 3.000 сефови од кои биле украдени злато, пари и накит во вредност од 90 милиони евра. Потпаролот на полицијата за медиумите изјавил дека кражбата била долго планирана операција. Полицијата се уште нема траги и сторителите се во бегство.

Германската полиција објави дека сака да ги засили напорите во истрагата, поради што е формирана специјална единица наречена „Вежба“.

Портпаролот на полицијата изјави дека целта е единицата да се справи со „поплавата од информации и траги“, односно пријави за грабежи од граѓани, како и да може да се повика на ресурси од други полициски оддели.

Грабежот се случил минатиот викенд, а крадците влегле во банката преку подземна гаража и користеле специјална дупчалка за да го пробијат дебелиот армиран бетонски ѕид до трезорот, каде што скршиле околу 95 проценти од вкупно 3.250 сефови.

Можете да прочитате

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година