Кошаркарите на МЗТ Скопје ердром ставија крај на серијата порази. На домашен терен, екипата на тренерот Драган Николиќ ја победи Цедевита Олимпија со 79:74 (19:21, 22:14, 15:17, 23:22).
Триумфот на фаворитот е прв за МЗТ во регионалната АБА лига по 27.ноември 2022 година, кога во Скопје падна Мега. Од тој момент МЗТ нанижа девет порази.
Со јасен план и многу енергија МЗТ го одигра целиот натпревар. Клуч за победата беа воведните пет минути од втората четвртина кога МЗТ со серија 18:2 дојде до највисоката предност на натпреварот од 14 поени.
Блескаше Диандре Кук со 26 поени, а голем придонес во победата даде и Мајк Кефи кој девет од своите 14 поени постигна во последните три минути од натпреварот. Одличен меч одигра и ветеранот Војдан Стојановски со 20 поени. Двоцифрен број на поени постигна и Абу, 10 на кои придодаде четири скока, две асистенции и една украдена топка.
Фото/ABA liga