Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за лажните дојави за бомби за кои повеќе од еден месец МВР не може да открие кој е сторителот, рече дека сето тоа се должи на неспособноста на министерот Оливер Спасовски, како и немањето капацитет и целосната партизација таму, укажувајќи дека од лица што се осудувани и биле во затвор, а се на раководни позиции во МВР, не може да се очекува да се справат со криминалот што владее во државата.
Мислам дека сето ова се должи на неспособноста на министерот Оливер Спасовски, кој веќе осма година раководи со ова министерство. Неспособноста се должи на аматеризмот, немањето капацитет и на целата партизација на МВР. И токму затоа МВР нема никаков авторитет за да ги пронајде сторителите. Не може на клучни позиции да бидат поставувани лица што се осудувани и кои биле во затвор, од такви лица не може да очекуваме дека ќе се справат со криминалот што владее во Македонија, изјави Ковачки.