Утрински Весник
Македонија

Ковачки: Петровска манипулира дека има нарушена психичка состојба врз основа на што бара отштета

Ковачки: Петровска манипулира дека има нарушена психичка состојба врз основа на што бара отштета

Беа изнесени доказите од наша страна, меѓутоа ова е уште еден блед обид на министерката за одбрана да манипулира, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ откако денеска започна судското рочиште пред Основниот суд 2 Скопје по тужба од Славјанка Петровска.

dobivaj vesti na viber

Ковачки изјави дека Петровска со ова вештачење од страна на специјалист психијатар само ја манипулира јавноста, укажувајќи дека дури и Ковачевски кажал дека истото е само за потребите на судот, но не и за потребите во текот на извршување на работата, што, како што рече тој, не би требало така да биде.

„Гледате дека таа самата има доставено едно мислење односно вештачење од психијатар специјалист со кој што сака да ја манипулира јавноста, односно за својата емотивна и психолошка состојба. Гледате дека и самиот премиер кажа дека тоа вештачење е за потребите на судот, но не и за потребите воопшто за во текот на работењето. Јас ценам дека тоа не би требало така да биде“, смета тој.

Ковачки ги повика новинарите да истражат дали има некој друг ваков случај каде што психичката и емотивна состојба на едно лице се однесува само за потребите на судот, а не и за потребите на општото работење, додавајќи дека тоа е од јавен интерес за граѓаните.

Можете да прочитате

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче

Мицкоски: Наскоро ќе видите како се прислушувало последните години, ќе се згрозите