Утрински Весник
Македонија

Ковачки: Новиот директор на АНБ не е нов, тој е една од причините заради која Онишченко добива државјанство

Ковачки: Новиот директор на АНБ не е нов, тој е една од причините заради која Онишченко добива државјанство

Новиот директор на АНБ, Зарко Милошевски, не е нов, тој е една од причините заради која Онишченко добива државјанство, пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

dobivaj vesti na viber

„Милошевски не е нов човек. Тој му бил помошник и е кадар на Виктор Димовски и Миле Зечевиќ, а со тоа и на српската врска. Досега ја извршувал функцијата помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО во АНБ, а на таа позиција е поставен со потпис на досегашниот контроверзен директор – Виктор Димовски. Зарко Милошевски како Помошник директор за безбедносни проверки директно учествувал во случајот Онишченко. Тој е една од причините поради која Онишченко добива македонско државјанство, но очигледно дека тоа не значи ништо за тие што го поставиле“, пишува Ковачки.

Додава дека Милошевски е Помошник директор во АНБ и кога над 200 криминалци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи.

Владата на денешната седница го назначи Зарко Милошевски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност.

Можете да прочитате

Не стигнало барање за одземање на имунитетот на судијата Ристов, вели Камбовски

Утре ќе се бира шеф на Скопското обвинителство

Лимани од Букурешт: Северна Македонија гради модерен, инклузивен и дигитализиран систем на социјални услуги