„Како што ветив, денеска е поднесена тужба за клевета против СДС и Димитар Ковачевски поради изнесени клевети и лаги против мене лично. Од страна на СДС и нивниот трајно неспособен премиер за мене беше кажано дека сум дезертирал од АРМ, сум кодошел, сум продавал некакви тајни на странски служби, сум крадел документи, дека некој ми ги скинал еполетите од униформата и што ли уште не“, пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на „Фејсбук“.
Овие клевети со кои СДСМ се обидува да ми нанесе штета на личноста се обид за дефокусирање од вистината дека Македонија ја води трајно неспособен премиер, кој одбил да ја брани својата држава“.
„Одговорност за лагите мора да има. Тоа што Ковачевски не може да избегне од фактот дека приложил документ оти е трајно неспособен, не му дава право да лаже со цел да дефокусира од себе. Со трајно неспособниот се гледаме на суд“, се вели во објавата на социјалната мрежа.