Утрински Весник
Македонија

Ковачки ги направи неспособни Пендаровски и Петровска: Во која друга НАТО членка, војска чува затвореници

СДСМ: Ковачки го покажува грдото лице на ВМРО-ДПМНЕ, ништо не се менува во оваа партија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, со реакција на социјалните мрежи во врска со неодамнешните информации дека Владата има прогласено кризна состојба поради недостиг на кадар за обезбедување на затворите.

dobivaj vesti na viber

„Шест дена молк од надлежните Стево Пендаровски и Славјанка Петровска:
1. Дали е точно дека на подрачје на Гази Баба Владата прогласила кризна состојба за да единици на АРМ обезбедуваат затвори?
2. Зошто?“, прашува Ковачки.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ дополнително ги прашува надлежните кој им дозволил да прават преседани со прогласување на кризни состојби заради, како што вели, нивна неспособност.

“Во која друга НАТО членка, војска чува затвореници?; Кои правила на употреба на сила ги имаат војниците?; Кој ќе одговара ако дојде до употреба на сила?; Има ли некој да му каже на Пендаровски дека лично тој направил преседан кој утре многу лесно може да биде злоупотребен?; Што правиме ако утре – хипотетички на Владата или на некоја идна Влада им падне на памет да прогласат кризна состојба на подрачје на општина Центар и Пендаровски да нареди употреба на војска пред Собрание?; Имаат ли Пендаровски и Петровска советници кои се скапо платени и зошто се платени кога не се во состојба да им посочат дека ја понижуваат војската и дека е спорна Уставната и законската употреба на војска за чување на затвореници?; Зошто молчи Спасовски – која е улогата на МВР, свесно ли е исклучено од обезбедувањето на затворите однадвор па таа улога и е дадена на АРМ, или и таму се’ се распаѓа и немаат капацитет?“ пишува на социјалните мрежи Ковачки.

Неговата реакција следува откако неодамна беше објавена информацијата дека со одлука на Владата е прогласена кризна состојба во затворот „Идризово“ поради спречување безбедносни закани.

Причината како што беше изнесено во јавноста е тоа што во изминатиот период имало недостиг на чувари во казнено-поправната уставнова.

Можете да прочитате

ЛАДНИОТ ЦИКЛОН СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС: Ќе донесе многу дожд, снег, и снежна покривка од над 60 сантиметри!

Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, рече Мицкоски со барање ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола оти долгот бил 5 милијарди денари

Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?