Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ковачки до Ахмети: Кажи кои Македонци ти нуделе поделба на Македонија

Ковачки до Ахмети: Кажи кои Македонци ти нуделе поделба на Македонија
Img 7972

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки побара од лидерот на ДУИ, Али Ахмети  да каже кој му понудил поделба на Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Ахмети повторно зборува за воениот конфликт во 2001 година и признава дека македонската страна била таа која му понудила поделба на Македонија, но бидејќи тој бил посветен на Македонија, не прифатил поделба. (?!) Тука се поставува едно прашање и кое доколку е искрен пред Македонците како што сака да се претстави, Ахмети треба да го одговори: Кој е тој од македонската страна што нудел поделба на државата, неговиот коалиционен партнер Љубчо Георгиевски или другиот коалиционен партнер – СДС? Граѓаните треба да добијат одговор и да знаат кој е тој што си земал право да одлучува во име на сите тогашни и идни генерации Македонци, но и на сите останати граѓани врз кои почива суверенитетот на државата и дали таквите лица се’ уште се на платен список на граѓаните на Македонија“, праша Ковачки.

Пратеникот оцени дека од настапите на Али Ахмети пред своето членство повторно гледаме дека кога се отвораат прашањата за борба со корупција и кога е очигледно дека конечно е дојдено време да се стави крај на пљачкањето и понижувањето на Македонија и Македонците, тој отвора теми кои се национал-романтични и не носат никаков напредок на државата.

Можете да прочитате

Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

Пожар во угостителски објект во Струмица: Се запалила кујната

Повторно ќе ни залади, ќе имаме и пообилни врнежи од дожд