Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: За случувањата во Алијанса одговорите треба да ги дадат нивните партиски органи 

1707050934 za lokalno pretsedatelot na sdsm dimitar kovachevski.jpeg

Не би ги коментирал случувањата во Алијанса, бидејќи станува збор за друг политички субјект, нивните партиските органи, нивните функционери се тие кои што треба ги дадат одговорите и излезат со став, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на одговор на новинарско прашање денеска.

-Точно е дека имавме средба со господинот Таравари и како што соопштивме после средбата разговаравме за односот во коалицијата, во техничката Влада во моментов но и за она што беше направено во изминатата година бидејќи додека јас ја водев Владата во половина од мандатот имаше министри и од Алијанса. Разговаравме во однос на тековни активности што се одвиваат во Владата, ние сме двајца претседатели на политички партии кои имаат свои министри во техничката Влада. Што се однесува до динамиката во Алијанса, не би коментирал бидејќи се работи за друг политички субјект и тие се нивните партиските органи, нивните функционери се тие кои што треба ги дадат одговорите и излезат со став, рече Ковачевски.

Сметам дека местото на политичките партии е во коалиции кои делат исти вредности, додаде Ковачевски.

-Македонија има изградено високо демократско општество во кое што секоја политичка партија но и секој поединец може слободно да ги носи своите одлуки. Сетам дека местото на политичките партии прво е во коалиции кои делат исти вредности. Се уште важи понудата од СДСМ сите оние политички партии, невладини организации и други организации и поединци кои ја делат визијата за Европска Македонија да ни се приклучат на изборите на 24 април и 8 мај, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска во одговор на новинарско прашање.

Можете да прочитате

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Апел на семејството на загинатата Ивона Антова – „Не беше само жртва на пожарот, беше оставена сама, без помош

Eлон Маск ја основа „Американската партија“ откако се скара со Трамп