Утрински Весник
Македонија

Ковачевски за писмото од Агелер: Не е на погрешна адреса, треба да се мери работата на секој поединец во судството

Ковачевски за писмото од Агелер: Не е на погрешна адреса, треба да се мери работата на секој поединец во судството

Писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер со критики за судството не е на погрешна адреса туку е испратено секаде каде што е потребно, смета премиерот Димитар Ковачевски. Го добиле министерот за правда и судските органи, а Владата како дел од извршната власт која е одвоена од судската и законодавната, веќе презела се што можела за унапредување на судската пракса, односно донела нов Кривичен законик, нов закон за судската академија, нови закони за ренумерација на судии и обвинители, но голем дел од нив се блокирани во Собранието за што премиерот вели дека е одговорна опозицијата. Тој нагласи дека инвестирале во судството и за време на голема економска криза, се дигитализираат судниците и не е намален буџетот за судството, но посочи дека треба да се зајакне комуникацијата на судиите со Собранието.

dobivaj vesti na viber

„Она што можеби дополнително треба да се направи е да се вклучи повеќе  Собранието, политичките партии во делот на комуникација со судовите бидејќи и по Устав и по закон членовите на Судски совет се бираат во Собранието, а подоцна тие ги избираат судиите и управуваат со нивното работење. Сметам дека треба да се воведат подетални мерливи показатели за работата на секој поединец во правосудната фела. Не би генерализирал дали нешто комплетно не функционира или комплетно функционира бидејќи сепак се работи за систем од поединци во кој дел веројатно добро си ја извршуваат работата, дел помалку добро ја извршуваат, дел треба да го унапредат своето работење, а дел можеби треба да бидат освежени со нови кадри, но тоа не е во делот на ингеренции на Владата“, рече премиерот.

Како пример за транспарентност во судството премиерот Ковачевски ја наведе Америка.

„Јас сум учел и живеел во Америка. Таму секоја судска одлука се објавува во дневен весник, во тоа време беа весници ’92-’93, Се објавува кој судија каква одлука донел во дневен весник. Сега веројатно тоа го прават на електорнски портали. Гледам во Србија веќе имаат електронски портал за судството каде што на многу транспарентен начин може да се види што се случува“, потсети премиерот Ковачевски.

Тој е согласен дека постапките кои се предмет на критика во писмото од амбасадорката Агелер, навистина се одолговлекуваат.

„Тоа писмо содржи некои случаи за кои јас за жал можам да кажам дека се одолговлечени. Постапката оди со враќање од повисоки кон пониски инстанци во повеќе наврати и сепак тоа се прашања за судиите кои работат и за оние кои управуваат со работата на судиите“, рече премиерот Ковачевски.

Во писмото амбасадорката Агелер наведува дека е разочарана од враќањето на предметите напред – назад меѓу Апелација и основните судови што укажува на очигледна неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје