Утрински Весник
Македонија

Ковачевски за Денот на Ромите: Тие се едни од најлојалните и највредни граѓани на нашето општество

Interv U Na Pretsedatelot Na Sdsm Dimitar Kovachevski 3.jpeg

„Го честитам Светскиот ден на Ромите. Тие претставуваат едни од најлојалните и вредни граѓани на нашето општество и заслужуваат унапредување на нивните права. Се уште треба да се работи на тоа, во секој смисол“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервјуто за „Фронтлајн“.

Тој додаде дека потребно е да има повеќе Роми кои ќе учествуваат во управувањето со важни процеси во државата и се заложи дека во следниот мандат ќе се обиде да го направи тоа.

„Ние како Влада обезбедивме објекти за згрижување на деца, нови градинки. За 200 деца во Шуто Оризари се обезбеди бесплатно присуство во градинки. Неколкукратно го зголемивме бројот на стипендии за деца Роми. Само во Шуто Оризари, каде има најголем број на Роми, има 900 стипендии за средно образование, кои се со зголемен износ“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека преку еден милион евра биле инвестирани во местата каде што живеат Ромите со цел подобрување на инфраструктурните потенцијали и условите на Ромите кои живеат таму.

„Формиравме една посебна мерка во однос на можноста Роми да инвестираат во сопствени бизниси и да направат формализација на сопствените бизниси. 200 сограѓани ја искористија таа можност“ рече Ковачевски.

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија