Утрински Весник
Македонија

Ковачевски за бугарската реторика дека ќе има нови условувања: Ние имаме преговарачка рамка со обврски

Ковачевски за бугарската реторика дека ќе има нови условувања: Ние имаме преговарачка рамка со обврски

Бугарската реторика дека на Македонија и следат многу други услови за да ги продолжи преговорите до зачленување во Европската Унија, не сакаше да ги коментира премиерот Димитар Ковачевски. Според него, треба прво да се направи политичка Влада, па потоа, да се коментираат ваквите изјави на бугарските политичари.

dobivaj vesti na viber

„Во Бугарија се водат преговори за да се направи политичка Влада. Откако ќе се направи политичка влада, ќе се коментираат случувањата таму. Ние имаме преговарачка рамка со точни обврски кои треба да ги исполниме и да ги отвориме кластерите за продолжување на преговорите и воспоставување на процес кој ќе нѐ зачлени во ЕУ до 2030 година“, рече Ковачевски.

Во изминатиот период, бугарските политичари посочуваат дека Македонија ја чека трнлив пат, а отворањето на Уставот е најлесното нешто што треба да се направи. Потоа, според дел од нив, ќе следат други условувања.

Можете да прочитате

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме