Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ковачевски за амандманите од Левица: Кога претседател на партија се поклонува на гробот на Енвер Хоџа, не треба ништо да ве чуди

Ковачевски за амандманите од Левица: Кога претседател на партија се поклонува на гробот на Енвер Хоџа, не треба ништо да ве чуди
300x250 opst2

Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека не се чуди оти законите се преплавени со амандмани од Левица и ВМРО-ДПМНЕ, но не одговори дали очекува покрај ваквата состојба да се донесат осумте закони кои се важни за компаниите „Бектел и Енка“ и изградбата на Коридор 8. Ковачевски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ е заложник на Левица.

dobivaj vesti na viber

„Мене не ме чудат амандманите од Левица. Кога претседател на една партија оди и се поклонува на гробот на Енвер Хоџа, не треба ништо да ве чуди, а особено не треба да ве чуди од партија која е заложник на партија на која што претседателот оди да се поклони на гробот на Енвер Хоџа. Така што сметам дека специјалниот закон е предложен и донесен од пратеници во Собранието, без некој да е против. И сите постапки се правени со тој специјален закон“, кажа Ковачевски.

Прашан зошто измените на деветте, односно сега осумте закони (без спорниот за културното наследство), не се поднесени од Владата туку од пратеници во Собранието, Ковачевски одговори: „Сметам дека пратениците имаат доволно знаење и визија за да донесат законски решенија кои ќе обезбедат побрзо и поефикасно работење на компаниите проектанти и изведувачи на овој проект, за да конечно, нашата држава добие Коридор 8 и Коридор 10Д каков што државата немала, а граѓаните заслужуваат“.

Можете да прочитате

Полицијата фати шверцери на цигари, лишени од слобода три лица за даночно затајување и недозволена трговија

Средба на министерот Муцунски со министерот за европски прашања и државно сопствеништво на Финска, Јоаким Странд

Во месец септември уапсени над 100 лица поради поседување на наркотични средства