Утрински Весник
Македонија

Ковачевски во Пробиштип: Во услови на најголема светска криза обезбедуваме социјални станови за најранливите граѓани

Ковачевски во Пробиштип: Во услови на најголема светска криза обезбедуваме социјални станови за најранливите граѓани

„Денес 20 фамилии во Пробиштип, добиваат нов дом. Споделената радост се зголемува и затоа сме денес тука заедно со Соња, Ласто, Марина, Фросина, Никола, Јован, Симона и семејствата на сите други кои денес ги добија клучевите од својот нов дом. Тука сме за да им посакаме среќа, на денешниот голем празник за оние кои го празнуваат Свети Никола, да започнат посветло секојдневие исполнето со љубов и со разбирање“, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешното доделување на клучевите на новите домови на семејствата од социјално ранливите категории.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски истакна дека голем број наши сограѓани со Програмата за ранливите категории на граѓани ќе живеат во современи услови кои досега, за жал, ги немале.

„Тоа се наши граѓани, наши соседи, кои заслужуваат да имаат топол дом. Имав можност да поразговарам со семејствата и горд сум кога имаме ваков придонес, кога имаме опиплив резултат од посветената работа на институциите во служба на граѓаните. На овој начин се демонстрира грижа и поддршка на сите оние на кои им е потребна. Ова се важни капитални проекти, бидејќи со нив го враќаме достоинството на социјално ранливите граѓани, овозможуваме да имаат пристоен живот и стабилно домување. Владата заедно со Министерството за транспорт и врски и сите надлежни институции, особено значење дадоа на социјално – станбената политика. Во изминатите 4 години изградени се и во фаза на изградба вкупно 864 станбени единици односно социјални станови и тоа е навистина за пофалба. За споредба, од 2011 до 2017 година биле изградени 678 стана. Овие социјални станови се дом на оние на кои најмногу им треба помош: на деца без родители, лица со попреченост, граѓани кои користат гарантирана минимална помош, самохрани родители припадници на сите заедници, припадници и на македонската заедница и на ромската заедница и на сите заедници бидејќи социјалната загрозеност не бира, меѓутоа и ние кои сме задолжени да помагаме не смееме да бираме, не бираме и нема да бираме на кого помагаме. Ќе помагаме како што денес помагаме на сите без исклучок. За следната година во Буџетот предвидени се 2,2 милиони евра за изградба на социјалните станови. Покрај тука во Пробиштип, само оваа година завршени со градба и распределени се становите во Гостивар, Виница, Струмица, а до крајот на годината ќе заврши распределбата и во Свети Николе, а следната година ќе бидат во Бутел, Велес, Пехчево, Сарај и Кочани. Внимаваме становите да се наоѓаат низ целата држава за да обезбедиме порамномерен регионален развој и во извесна мера изедначување на станбениот стандард“, рече Ковачевски и посочи дека Банката за развој при Советот на Европа е подготвена за потпишување нов проект за изградба на нови дополнителни згради.

Министерот за труд и социјална политика Благој Бочварски истакна дека обезбедувањето на достоинствени услови за живот се прашања за кои нема дебата.

“Секој еден граѓанин заслужува дом, кров над глава и подобри услови за живеење, особено сега во овие тешки времиња. Ова е наша задача и еве денеска во Пробиштип тоа го потврдуваме. Драго ми е кога ќе видиме вака задоволни граѓани, на кои сме им го решиле станбеното прашање. Семејствата од социјален ризик кои се најдоа на конечната ранг листа исполнувајќи ги сите услови предвидени во јавниот повик за распределба на ова социјална зграда, денеска ги добија клучевите од својот нов дом. Посебно е чувството кога некому подаваш рака, помагаш кога тоа е најпотребно, а ние се обидуваме токму тоа и да го правиме, да помогнеме на сите граѓани, да им дадеме поддршка, полесно да ги надминат предизвиците пред кои се исправени“, изјави Бочварски.

Директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката-Скопје, Зоран Ѓоргијев рече дека колективната, станбена зграда наменета за лица од социјален ризик и други социјално ранливи категории во Пробиштип е со вкупна површина од 2.700 м2, П+4 со 2 влеза, располага со 48 еднособни станбени единци, со површина од 35 – 45м2, од кои 2 се прилагодени за лица со телесен инвалидитет, 48 подруми и 12 паркинг места.

„Вкупната инвестиција на објектот е отприлика 70.000.000,00 денари. Предадена е од страна на изведувачот во декември 2021 година. Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје кон средината на 2023 година ќе ги заврши зградите од овој тип во Скопје – Бутел, Велес, Дебар, Кочани (ламела 3), а во текот на следниот месец очекуваме и комплетирање на документацијата на изградените објекти и во Демир Капија и Неготино“, изјави Ѓоргијев.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа