Утрински Весник
Македонија

Ковачевски во ГОБ 8 Септември: Со пуштање во употреба на новите сали за интервентна кардиологија и радиологија, создаваме услови за најсовремени интервенции

Ковачевски во ГОБ 8 Септември: Со пуштање во употреба на новите сали за интервентна кардиологија и радиологија, создаваме услови за најсовремени интервенции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и заменичката-министерка д-р Маја Манолева, беа во посета на ГОБ „8 Септември“ во Скопје. Во рамки на посетата премиерот Ковачевски ги посети трите нови сали за кардиологија и интервентна радиологија кои се опремени со нови модерни ангиографи. Со пуштањето во употреба денеска, во ГОБ „8 Септември“ се создадени услови за интервентни кардиолошки и радиолошки процедури на највисоко ниво исто како и во Клиничкиот центар.

dobivaj vesti na viber

„Во Градската општа болница работат врвни експерти од многу области: кардилогија, интерна медицина, хирургија, ортопедија, овде се лекуваат многу пацинети, исто како што се лекуваат и на Клиниките. Како Влада свесни сме дека постојниот развој на медицината бара следење на сите современи текови, затоа ги следиме барањата на болниците, клиниките, здравствените установи во државата и го поддржуваме нивниот развој. Наш фокус е да создадеме модерно и современо јавно здравство, за доброто на сите наши граѓани. Изминативе неколку години, после четири децении за прв пат, се реновираа, осовременија, многу здравствени капацитети, се набави скапа опрема, и не само во здравствените установи во Скопје туку низ цела држава. Нашите граѓани, заслужуваат здравство коешто е врвно, кое се унапредува од ден во ден и кое ги зголемува своите капацитети за згрижување на сите граѓани на кои им е потребна здравствена нега“, рече премиерот Ковачевски.

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити истакна дека со трите сали за кардиологија и интервентна радиологија опремени со нови модерни ангиографи, уште повеќе се подига нивото на оваа здравствена установа, бидејќи во ГОБ „8 Септември“ скоро и да нема експертиза што не се работи и на Клиниките.

„Овие сали за интервенции од областа на кардиологијата се сериозна помош за растеретување на Клинички центар, посебно во делот на сложените интервенции. Трите нови сали кои почнуваат со работа од денеска се од исклучително значање за намалување на листите на чекање за интервенции од областа на кардиологијата, како коронарографии, каротидографии, периферни ангиографии, коронарни стентирања, стентирања на каротидите и стентирање на крвните садови на екстремитетите. Итните случаи како пациенти со акутен инфаркт и миокард повеќе нема да чекаат, туку нивното згрижување и прифаќање ќе биде итно и што е од голема важност тоа нема да го наруши редовниот програм на пациентите закажани во редовниот термин“, истакна министерот Меџити.

Директорот на ГОБ „8 Септемри“ д-р Христијан Костов во своето излагање истакна дека за осовременување на дијагностичките процедури во болницата набавена е најсофистицирана опрема и апаратура.

„Два апарати за васкуларни и радиолошки интервентни процедури, односно ангиографи со кои значително ќе се намалат листите на чекање за коронарографии, каротидографии, периферни ангиографии, коронарни и каротидни стентирања, како и стентирањата на крвните садови на екстремитетите. Потоа го набавивме и апаратот за мамографија со стереотакса, апаратот за ултразвук со висока резолуција адекватен за најразлични дијагностички процедури, компјутерски томограф од нова генерација, кој има 128-слајсен детектор, со висока резолуција и брзина, и до него дневно може да се „снимат“ повеќе од 40 пациенти во било која форма на дијагностика. Два најмодерни дигитални апарати за конвенционални графии, апарат за навигација, наменет за хирургија на носот, синусите, ушите и базата на черепот, со цел побезбедна хирургија на овие области .Изразуваме искрена и голема благодарност на нашите пријатели народот на Јапонија, како и на Светска Банка“, рече Костов.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор