Утрински Весник
Македонија

Ковачевски во Белград пречекан од Брнабиќ-Во фокусот отворените прашања меѓу двете земји

Ковачевски во Белград пречекан од Брнабиќ-Во фокусот отворените прашања меѓу двете земји
Dik 300x250 mk

На церемонија со највисоки државни и воени почести премиерот Димитар Ковачевски денеска во Белград беше пречекан од премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски на покана на Брнабиќ е во официјална посета на Белград, и ја предводи владината делегација, со министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за транспорт и врски Благој Бочварски како и заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација Александар Бајдевски.

Премиерот Ковачевски и премиерката Брнабиќ, одржаа тет-а-тет средба.

Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи, кои се без отворени прашања меѓу Северна Македонија и Србија како и соработката меѓу двете држави која е сестрана и добро развиена.

На средбата беше разговарано за многубројните проекти кои се во тек и беа договорени активности во наредниот период во областа на економијата, културата, дијаспората и други области.

Соговорниците говореа и за европската иднина на Западен Балкан, како и реформските процеси и услови кои се залагаат да ги исполнат земјите за што побрза интеграција во ЕУ .

По завршувањето на тет-а-тет средбата на двајцата премиери, ќе се одржи пленарен состанок на двете владини делегации и ќе бидат потпишани неколку билатерални документи.

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман