Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ нема план, завршува со национализам и гол популизам

Kovacevski.jpg

ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе пред граѓаните и да каже “се што сме кажале во изминатите години сме лажеле”, програмата на ВМРО-ДПМНЕ е национализам, гол популизам и на тоа се завршува, вели во интервју за МИА, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

-Не треба веќе да се подгрева кај граѓаните бидејќи се покажа како лажно она што го правеше ВМРО-ДПМНЕ  што ќе дојдеме на власт ние ќе го вратиме старото име, гледате дека ништо не вратија. Тоа сигурно влијаело и кај граѓаните зашто сега ќе менуваме документи пошто овие кога ќе дојдат ќе го вратат старото име гледате сега дека имаат министри во Владата и нема ништо од враќање на старото име.  Си се сликаат пред табли со Северна Македонија, одржуваат контакти со амбасадори кои што доаѓаат од Грција така да  треба да искочат и да кажат се што сме кажале во изминатите веќе од 2019 до денес се 5 години сме лажеле. Бидејќи тие го лажеле народот дека во моментот кога ќе влезат во Влада ќе го вратат старото уставно име на државата. А тоа беше целата нивна кампања, таму нема економска програма, таму нема социјална програма, таму единствено има како да има кавга со Грција и како да има кавга со Бугарија и како да има кавга со другите етнички заедници во државата. Тоа е програмата на ВМРО-ДПМНЕ проблемот е национализам, гол популизам и на тоа завршува., вели Ковачевски.

Со ВМРО-ДПМНЕ не функционира ниту Скопје а за прв пат после години имаме конфликт меѓу патници во автобуси на ЈСП на етничка основа, додава тој.

-Ние за прв пат после 7 години еве погледнете ги извештаите на ЈСП за прв пат во дел од автобусите имаме конфликти помеѓу патниците во градските автобуси на етничка основа. Знаете само што е променето во тие 7 години, тоа што ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт на локална власт и сега има министри во Владата, вели претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор