Утрински Весник
Економија

Ковачевски: Училиштата и јавните претпријатија може да склучат договори со ЕСМ за поевтина струја

(Видео) Ковачевски: Никого нема да оставиме сам, кризата ќе ја пребродиме сите заедно
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Потрошувачите од прехранбениот сектор, училиштата и јавните претпријатија за водостопанство уште од денес може да поднесат документација за склучување договор за поевтина струја до 30 април 2023 со тоа што ќе се склучуваат договори со ЕСМ продажба на месечно ниво.

dobivaj vesti na viber

– Веќе се утврдени процедурите и ЕСМ ја подготви документацијата за склучување на договорите за електрична енергија со компаниите и училиштата. Потрошувачите можат да склучат договор со ЕСМ продажба за снабдување со електрична енергија секој први во месецот. Сите треба до 10 и 11 во ноември да поднесат документи за да почне снабдувањето од први декември. За корисниците кои се приклучени на снабдувач во краен случај рокот е до 20 во месецот. Со оваа мерка се опфатени производителите на основните прехранбени продукти кои ќе плаќаат по 80 евра за мегават-час. Овие фирми најавија намалување основните продукти за најмалку 10 проценти – потврди премиерот Димитар Ковачевски.

Втора категорија спаѓаат јавните претпријатија за водостопанство. За нив е клучна струјата за функционирање на нивните пумпни и прочистителни станици. За нив ќе биде 95 евра за мегават-час.

– За да имаме поевтина струја за основните и средните училиште владата обезбеди струја од 95 евра за мегават-час Граѓаните нема да останат сами во снабдувањето на енергијата, струјата ќе се субвенционира до 80% од централниот буџет – додаде премиерот.

Можете да прочитате

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Мицкоски: Имаме најниска инфлација во Европа

Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити