Утрински Весник
Македонија

Ковачевски со осуда за Касами: „Голема Албанија“ и неинтонирање на македонска химна е спротивно на протоколите кога доаѓа премиер на друга држава

Ковачевски со осуда за Касами: „Голема Албанија“ и неинтонирање на македонска химна е спротивно на протоколите кога доаѓа премиер на друга држава

Од Кабинетот на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во врска со прашањето на „Макфакс“ за коментар на посетата на косовскиот премиер Албин Курти на општините Чаир и Тетово велат дека оваа посета на премиерот на Косово Курти е приватна посета. Оттаму упатуваатза деталите од поканата, протоколот и организација на посочениот настан да се обратиме кај организаторот.

dobivaj vesti na viber

– Во секој случај, Кабинетот на премиерот смета дека истакнувањето знамиња кои не се државните е спротивно на протоколите и законите за организирање настани во присуство на државници од странски земји. Воедно, видот на иконографија забележан на настанот во присуство на висок претставник на странска држава е несоодветно и недозволиво во земја членка на ООН и земја членка на НАТО и во таа насока Ве информираме дека СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот. Дополнително Ве информираме дека од Кабинетот на премиерот во текот на денот е исконтактиран амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, во врска со споменатата иконографија користена при приватната посета на косовскиот премиер на земјата, стои во известувањето од Кабинетот на премиерот.

Оттаму велат дека „за осуда е фактот што на настанот организиран на територија на Република Северна Македонија, не е интонирана македонската државна химна и не е истакнато македонското државно знаме“.

– Посочуваме дека сите држави од регионот кои сакаат истиот да е просперитетен, економски развиен и интегриран во Европската Унија и кои сакаат да градат пријателски односи со своите соседи, треба со сите свои постапки да ги продлабочуваат пријателствата и меѓу државите и меѓу граѓаните, и да инсистираат на почитување пред сѐ на државните одбележја како и на мултикултурните специфичности на секоја од државите од регионот. Република Северна Македонија како функционално мултикултурно и мултиетничко општество е пример за земја која ги почитува различностите и интензивно гради добрососедски односи со сите свои соседи, базирани на почитување и соработка која треба да придонесе кон понатамошен развој и на земјата и на регионот, велат од Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски.

Можете да прочитате

(Видео) Мицкоски изостана од видеото на Рама од ракувањето со лидерите

Центрите за социјална работа ќе добијат обезбедување по случајот со пукањето во Прилеп

Модерно карго, патничка железница од Табановце до Гевгелија, болници – Мицкоски најави инвестиции по договорот со Обединетото кралство