Утрински Весник
Македонија

Ковачевски смета дека дојавите за бомби се хибридна војна

Ковачевски: Овие мерки не се за некој да седи по канцеларии, да си вари кафиња и да си чита весници

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека дојавите за бомби се хибридна војна, односно хибридни напади. Според него, тоа може да се види од опфатот на објекти во кои се дојавуваат бомбите, интензитетот на испраќање, таргетирањето објекти.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски вели дека пораките се повторуваат во повеќе држави, односно нивната содржина. Тој додава: „Ако е изолиран случај на адолесценти и хакери, нема во толку многу држави, на толку исти институции, во толку ист интензитет, во толку исти денови, да се случуваат“.

„Ако ги видиме пораките испратени денеска за дојави на бомби во нашата држава и доколку се споредат со пораките во Црна Гора или други држави, се работи за речиси идентични пораки, на кој начин се најавуваат бомбите. Тоа што некоја држава успеала да најде еден случај на некој што дојавувал, тоа не значи дека се најдени сите. И ние кажавме дека е најден еден случај на наш граѓанин за кој се води постапка. Сакам да истакнам уште еднаш. Ова што се случува во Европа е најголемиот воен конфликт по Втората светска војна. Се води војна на помалку од 1.000 километри од нашата држава“, изјави Ковачевски.

„Доколку ја гледате содржината на дојавата на бомбите, многу е јасно дека во Европа постојат две страни. Едната страна, која вели дека не треба државите сами да го определуваат својот демократски пат, како што тоа ѝ е скратено на Украина, дека помалите држави не може сами да одлучуваат за својата иднина, дека може да ги нападне кој било и да бара промени на влади, уредување итн. И другата страна, каде што ние припаѓаме, страна на демократскиот свет, членка на НАТО, страна што е составена од држави членки на ЕУ или ќе станат членки на ЕУ“, додава Ковачевски.

Претходно, Ковачевски изјави дека е невозможно да се фатат лицата што ги испраќаат заканите за бомби во Македонија.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!