Утрински Весник
Економија

Ковачевски: Северна Македонија прва во регионот започнува со ИПАРД 3 програмата, со неповратни 97 милиони евра од ЕУ создаваме услови за развој на агросекторот

Ковачевски: Северна Македонија прва во регионот започнува со ИПАРД 3 програмата, со неповратни 97 милиони евра од ЕУ создаваме услови за развој на агросекторот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска присуствуваше и се обрати на презентацијата на новата ИПАРД 3 програма, насловена како „ИПАРД 3-нови можности за македонското земјоделство“. На настанот беа презентирани досегашните постигнувања и резултати од финансиската поддршка обезбедена преку ИПАРД 2 програмата, како и најавените активности во рамките на ИПАРД 3 програмата.

dobivaj vesti na viber

„Наша цел е со новата ИПАРД 3 програма уште поголема реализација и искористеност на средствата од 100% од она што го имаме добиено од ЕУ и затоа предвидуваме и можности за авансна исплата со цел уште повеќе да ги мотивираме нашите земјоделци. Но, крајната цел е нашите земјоделци, нашата економија да доживее напредок, да доживее развој преку остварувањето на полноправното членство во Европската Унија бидејќи влезот во ЕУ ќе донесе уште поголеми придобивки и носи уште повеќе финансиски средства од фондовите на ЕУ“, потенцираше премиерот Ковачевски, на денешната презентација на новата ИПАРД 3 програма.

Нагласувајќи дека со поддршката којашто во изминатиов период, заедно со ЕУ се обезбедува за земјоделците, премиерот Ковачевски оцени дека се постигнува рамномерен регионален развој.

„Во услови на голема светска економска криза, успеавме да понудиме помош за секој земјоделец и за сечиј бизнис на локално ниво за да може да се набавува модерна опрема, модерни машини, да се градат технолошки постројки и секако, да се градат нови објекти во земјоделството, вклучително и на туристички објекти коишто ги развиваат нашите помалку развиени рурални краеви.

На таков начин се изградија мноштво производствени капацитети за производство на храна, за сместување, за угостителски услуги коишто отворија бизнис за луѓе коишто претходно тоа не го имале“, рече премиерот Ковачевски, додавајќи дека 2023 година е година на нови можности бидејќи се создадени услови за отворање на нови бизниси, нови работни места и нови инвестиции.

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар

Ангеловска-Бежоска − Васле: Mакропрудентните мерки ја зајакнаа финансиската стабилност

Очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите, вели Мицкоски за унгарскиот заем