Утрински Весник
Македонија

Ковачeвски: Северна Македонија припаѓа во ЕУ, процесот не смее да запре

Ковачeвски: Северна Македонија припаѓа во ЕУ, процесот не смее да запре
Dik 300x250 mk

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски и премиерот на Република Словенија, Роберт Голоб денеска во Љубљана потпишаа Заедничка декларација за зајакната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија. Притоа е оценето дека денешните средби и потпишаната Декларација се уште еден јасен одраз на искреното, долгогодишно и цврсто пријателство и партнерство меѓу двете држави, како и патоказ за натамошната соработка.

dobivaj vesti na viber

„ Денеска направивме пресек на нашите севкупни односи. Разговараме и за други актуелни и важни регионални и меѓународни прашања, меѓу коишто секако и за војната во Украина и за нашето сојузништво и обединетост по тоа прашање.

Се договоривме и ќе се залагаме за зајакнување на билатералната соработка преку редовен политички дијалог, вклучително и преку одржување меѓувладина седница во текот на 2023 година за сите важни области за граѓаните. Заедно ја потврдивме потребата за зајакнување на стабилноста на регионот, посебно во актуелниот геополитички контекст, кога треба да се сочуваат европскиот мир и безбедност.

„Силно верувам дека ќе останеме посветени и успешно ќе чекориме на европскиот пат, иако некои внатрешни и надворешни сили, можеби не го посакуваат тоа“, порача Ковачевски.

Словенечкиот премиер, Голоб, на прес конференцијата оцени дека Словенија и Северна Македонија се на иста линија и нè соединуваат одлични билатерални односи и меѓу народите.

Порача дека процесот на пристапните преговори, што започна лани, не смее да запре и ја нагласи поддршката за натамошниот тек на евроинтеграциите.

„Приближувањето кон ЕУ не смее да сопре и тоа е клучната порака. Веруваме дека евроатлантскиот пат на Северна Македонија е еден од најзначајните гаранти за стабилноста на Западен Балкан.

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман