Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: СДСМ уште во 2019 година го одби барањето на ДУИ за избор на претседател на државата во Собранието

51d19a95 A84c 4820 8b9f 419c05830372.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ во интервју за Дневникот на Сител изјави дека СДСМ останува на ставот претседателот на државата да се бира на непосредни граѓански избори.

„Во однос на подетални ставови кои се однесуваат во однос на уставно уредување на државата ние имаме многу јасен став во однос на тоа. Уште во 2019 година, партијата ДУИ имаше вакво барање кое беше одбиено со јасен став од страна на СДСМ со оглед на тоа што сметаме дека претседателот на државата треба да се избира непосредно од страна на граѓаинте токму од причините кои ги кажав, а тоа е да не биде продолжена рака на политичките партии, да не биде продолжена рака на парламентот туку напротив да биде еден коректив, личност која што со својот интегритет со своето знаење и искуство ќе ја застапува државата надвор од границите но и ќе ги штити интересите на граѓаните и целото општество внатре во државата“ рече тој.

Ковачевски изрази уверување дека на 8 мај кандидатот поддржан од СДСМ Стево Пендаровски повторно ќе ја заслужи довербата од граѓаните и ќе добие нов петгодишен мандат како претседател на државата.

Можете да прочитате

Србија ги демантира тврдењата: Македонија не забранила увоз на киви

Вооружена пресметка во Арачиново – 24info.mk

Сиљановска Давкова: Мора да добиеме гаранции дека нема да не туркаат да расправаме за идентитетски прашања