Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: СДСМ е партија, која ги почитува жените и ја препознава нивната способност, сила и моќ

Pretsedatelot Kovachevski Na Osmomartovski Marsh Na Forumot Na Zheni Na Sdsm 2.jpeg

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денес учествуваше и се обрати на традиционалниот Осмомартовски Марш по повод Интернационалниот ден на жената, во организација на Форумот на жени на СДСМ.

Во обраќањето претседателот Ковачевски посочи дека СДСМ е пример за тоа како треба да изгледа вистинска рамноправна застапеност и вистинска родова еднаквост, и дека партијата секојдневно работи на повеќе можности за учество на жените во сите сфери на општествениот и политичкиот живот.

„Тука денес со нас имаме силни и храбри жени, работнички, наставнички и професорки, новинарки, докторки, земјоделки, уметници, инженерки, жени кои активно и секојдневно се вклучуваат во општествениот живот и придонесуваат оваа наша земја да биде подобро место за живеење. Сите тие на еден или друг начин се дел од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, партија која ги почитува жените и ја препознава нивната способност, сила и моќ. Токму затоа отсекогаш биле и се на високи позиции и во Владата и во партијата. Сите тие се олицетворение на посветена работа, пожртвуваност, храброст, и верба во подобро денес и подобро утре за граѓаните. Олицетворение на најдоброто што СДСМ може да го понуди.” рече Ковачевски во обраќањето на традиционалниот Осмомартовски Марш по повод Интернационалниот ден на жената.

Можете да прочитате

Николова: Мицкоски без грам совест и одговорност потроши 20.000 евра на повратни билети за САД

Скопјанец удрил лице кое управувало тротинет

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир