Утрински Весник
Македонија

Ковачевски-Рубин: Со САД остануваме партнери во активната одбрана од дезинформациите

Ковачевски-Рубин: Со САД остануваме партнери во активната одбрана од дезинформациите

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, денеска се сретна со делегација предовдена од Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин и амбасадорката на САД Анџела П. Агелер.

dobivaj vesti na viber

На средбата тема на разговор беа состојбите и борбата со дезинформации, манпулација со информации како и другите закани во информатичкиот простор на Западен Балкан кои се организирани од трети земји.

Во фокус на средбата беше зацврстувањето на поддршката за иницијативите за борба со дезинформациите кои ја поткопуваат демократијата и националната безбедност низ целиот свет, и како двете страни можат да соработуваат за колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор на Зпааден Балкан. Акцентирана беше потребата од вмержување на сите партнери и засегнати страни како на национално така и на регионално ниво.

Од владината прес-служба известија дека Ковачевски ги посочил активностите кои Владата ги презема секојдневно и стратешки во насока на справување со штетното дејство од дезинформациите и нагласил дека демократскиот свет е под постојан напад од пропагандни центри чија цел е да внесуваат страв и несигурност кај населението, да ги поткопуваат демократиите и на нечесен, манипулативен начин, на штета на јавниот интерес и добробитот на граѓаните, да шират влијанија на трети страни.

„Владата застанува одлучно во спротиставувањето на дезинформациите и постојано воспоставува партнерства во оваа глобална битка, со стратешките партнери, со независните сервиси за проверка на факти, со домашните институции, со медиумските организации и со медиумите. Само со заеднички и сеопфатен пристап на сите чинители во општеството ќе успееме да се справивме со штетните дејствија на дезинформациите.“, нагласи премиерот Ковачевски.

Можете да прочитате

Превентивна кампања за повозрасните – „Внимавај телефонски измами”

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда

ДЗС: Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“