Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Разочаран сум, компаниите кои сега не сакаат да произведуваат леб го добија најголемиот дел од субвенцијата за струја

Ковачевски: Сите пратеници треба да го поддржат вметнувањето на Бугарите во Уставот

Со инспекcиите на терен премиерот Димитар Ковачевски ќе се бори против оние кои престанаа да произведуваат леб и оние кои не ја почитуваат замрзнатата цена од 33 денари на белиот и полубелиот леб.

dobivaj vesti na viber

Најави дека ќе бидат искористени сите одредби од Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачи и Законот за заштита на конкуренција за санкционирање на оние кои продаваат поскап леб или произведуваат помалку од 80 отсто од количините кои ги произвеле во декември минатата година.

„Јас морам да искажам разочарување од дел од производителите. Беа објавувани сметки дека некои производители таков тип леб во доцните ноќни часови го продаваа и по 50 денари. Да се заработува на грбот на граѓаните во вакво време кога сите треба да покажеме солидарност, тоа по мене е нешто најлошо што може да го направи која било компанија“, рече премиерот Ковачевски.

Потсети дека државата ја субвенционираше струјата на компаниите за да се намали ударот врз граѓаните и овозможи место над 500 евра за мегават час, да плаќаат по 80 евра.

„Компаниите кои во моментов не сакаат да произведуваат ваков тип на леб се компаниите кои ги добија најголемиот дел од субвенциите за евтина електрична енергија од 80 евра за мегават час. 80 евра за мегават час во најголема криза никаде не можете да најдете на пазарот па макар и сами ја произведувале. Сметам дека тие треба да покажат одговорност, да го испорачаат она што исто така за оваа цена имаат маржа. Калкулацијата која беше покажана е правена од пекарската индустрија“, рече премиерот Ковачевски.

Тој најави замрзнување на цени и други основни продукти за што во моментов се прават анализи во Министерството за економија за кои дополнително ќе известат кога ќе завршат анализите.

Можете да прочитате

Охрид домаќин на 7. Балканска олимпијада по физика

Филипче на средба со вицеканцеларот Клингбајл: Европската перспектива е единствениот пат за стабилност, развој и реформи 

„Марш за ангелите“ во Кочани: Се бара одговорност од властите за трагедијата