Утрински Весник
Македонија

Ковачевски преку Фејсбук го честиташе Денот на македонската полиција

МВР: ВМРО-ДПМНЕ да не шири дезинформации, со јавната набавка полициските службеници добиваат квалитетна и безбедна храна

Вашите постигнати резултати се одраз на посветеностa и стручностa во справување со сите национални и глобални предизвици, напиша на фејсбук премиерот Димитар Ковачевски, по повод Денот на македонската полиција.

dobivaj vesti na viber

– Ви честитам на ефикасноста во борбата со корупцијата и организираниот криминал, за што показател се реализираните резултати во 2022 година – сузбиени 15 криминални групи, запленети над 2,4 тони дрога со проценета вредност од 6 милиони евра на црниот пазар, спречени се над 26 илјади обиди за илегални преминувања на границите, објави Ковачевски.

Продолжува, пишува тој, проектот за реконструкција и изградба на полициските станици, со кој досега е опфатена завидна бројка од 78 комплетно реконструирани објекти, најголем дел енергетско ефикасни, а обезбедени се и повисоки плати и нови униформи за сите полициски единици.

– Заедно со силите на ФРОНТЕКС успешно се справувате со нелегалната миграција и ги браните нашите граници, постапувајќи во служба на државата. Ви посакувам и понатаму успеси во обезбедувањето мир и стабилност во општеството, напиша на Фејсбук премиерот Ковачевски.

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна