Утрински Весник
Македонија

Ковачевски – Поуп: Северна Македонија придонесува во управувањето со миграцијата и безбедноста во Европа

Ковачевски – Поуп: Северна Македонија придонесува во управувањето со миграцијата и безбедноста во Европа

Премиерот Димитар Ковачевски, во пресрет на официјалното отворање на Преспа форум за дијалог 2023, се сретна со Ејми Поуп, новоизбрана генерална директорка на Меѓународната организација за миграција (IOM).

dobivaj vesti na viber

Ковачевски го честиташе изборот на Поуп, која треба да стапи на новата позиција од 1 октомври 2023 година, а нејзината кандидатура беше поддржана од Република Северна Македонија и ѝ посака успешен мандат, како прва жена на чело на Меѓународната организација за миграција (IOM).

На средбата е оценета како успешна соработката со Владата, во делот на одговорот на кризи, управувањето со миграцијата и податоци и ресурси, што е констатирано како значајно, посебно земајќи ја предвид состојбата со присуството на мигранти на јужната граница, односно меѓу Северна Македонија и Република Грција.

Тој нагласи дека Северна Македонија има усогласени активности и политики со европските партнери во однос на миграциските прашања. И, продолжува активно да соработува со Меѓународната организација за миграција, препознавајќи го доброто управување со миграцијата од важност за безбедноста во регионални и европски рамки и како прашање од важност во Агендата за одржлив развој 2030 година.

„Ефективното управување со миграцијата е меѓу приоритетите на Владата, особено во делот на раното откривање и спречување илегални преминувања и движења долж балканската рута, со фокус на безбедноста на границите“, рече Ковачевски.

На состанокот е заеднички истакнато значењето на зајакнувањето на прекуграничната соработка, како еден од главните предуслови за ефикасно управување со илегалната миграција.

Можете да прочитате

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја води државата кон економски и институционален колапс

40 степени измерени во Скопје во 14 часот (ФОТО)

За 8 часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл