Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Платите и пензиите ќе растат и по мај

1707397669 1.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска ја посети компанијата Лапласт М, каде во изјава за медиуми посочи дека Владите предводени од СДСМ, лажната грижа на претходната влада на ВМРО ДПМНЕ ја претворија  во реални одлуки во интерес на граѓаните и државата.

„Денес, парите се насочени кон граѓаните, денес има повеќе за сите, има повисоки плати, повисоки пензии, има најголема помош во време на криза. Ние никого не оставивме сам, 2 милијарди евра беа вратени назад кај граѓаните кога им беше најпотребно. Имаме и нови 10.000 вработувања само изминатата година која јас бев премиер, а невработеноста беше 13% наспроти онаа во 2016 од 24%.” посочи претседателот Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека сите овие резултати говорат за вистинската посветеност на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните, на овозможување развој за компаниите и државата, а воедно говори и за правилните политики и реалната работа вложена изминативе години.

„Тоа е суштината на социјалдемократијата. Затоа често кажувам, со напорна работа, нема недостижна цел. Овие резултати сами зборуваат за тоа.” потенцираше претседателот Ковачевски.

Тој порача до граѓаните и компаниите дека државната поддршка на домашните компании, растот на инвестициите, на новите работни места и на платите и пензиите, ќе продолжат да растат и по мај затоа што, како што кажа тој, социјалдемократските политики им се потребни на граѓаните и на државата, бидејки тие означат грижа за сите.

„Се грижиме и за денес и за утре, работиме за да обезбедиме европски животен стандард дома, да обезбедиме пристап до европскиот пазар, да им овозможиме на компаниите како Лапласт-М да имаат уште поголеми добивки, а со нив успех да имаат и работниците и македонската економија. Ве уверувам дека исто како и минатата, така и следната Влада предводена од СДСМ ќе ги осигура посакуваните перспективи и дека сите заедно ќе продолжиме по европскиот пат кој носи прогрес.” потенцираше претседателот Ковачевски.

Можете да прочитате

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година