Утрински Весник
Македонија

Ковачевски оди на одмор, па ќе остане во ЕСМ како вработен: Сакам да им се посветам на моите деца

Ковачевски оди на одмор, па ќе остане во ЕСМ како вработен: Сакам да им се посветам на моите деца
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Васко Ковачевски ќе остане во ЕСМ како вработен иако заминува од директорската позиција. Посочи дека сака да им се посвети на семејството и на децата. Првин тој најави дека ќе користи 20 дена одмор.

dobivaj vesti na viber

„За ваша и за информација на граѓаните, јас сум вработен во АД ЕСМ, покрај тоа што бев претседател на управниот одбор и генерален директор. Првин ќе го земам одморот од 20 дена, кој ми следува, потоа по процена на новиот менаџмент на ЕСМ, ќе видиме каде ќе биде моето место во компанијата. Јас сакам да им се посветам на семејството и моите две деца, кои имаат потреба од мене за дообразование, иден раст и развој“, рече Ковачевски.

Беше прашан и дали успешно или неуспешно раководел со ЕСМ.

„Процената за нашето работење го врши надзорниот одбор, Владата, премиерот, економските министри. Најважно е мислењето на граѓаните, на јавноста. Убеден сум дека успешно како држава и компанија ја менаџиравме кризата“, додаде Ковачевски.

Можете да прочитате

СДСМ: Изолација од ЕУ, суспендирани исплатите од ИПАРД 3 поради корупција

Извештај МЦМС: МВР е институција со најголема доверба меѓу граѓаните за справување со корупцијата

Муцунски ја пречека МНР на Албанија, Спиропали