Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ковачевски од Рејкјавик: Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е инвестирање во безбедноста на Европа

Ковачевски од Рејкјавик: Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е инвестирање во безбедноста на Европа
300x250 opst2

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски во рамки на четвртиот Самит на Советот на Европа, учествуваше на Тралезна маса зад затворени врати, на која се разговараше за моделите за зачувување и развој на демократијата во време на огромни ризици по истата.

dobivaj vesti na viber

Во дискусијата, Ковачевски се осврна на обврската на сите земји силно да ја осудат агресијата против основните принципи на меѓународното право и светскиот поредок, меѓу кои и денократијата, како и да покажат солидарност и единство во одбраната на моралните вредности, посебно во време на глобални предизвици. Секоја форма на агресија и страдање на цивилно население, како средства за постигнување цел, беше оценета како неприфатлива.

Беше нагласена и важноста од брза интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, како инвестиција во зацврстување на безбедноста на Европа, за што развојот на демократијата и човековите права се основни темели.

Со Тркалезната маса, на Самитот на Советот на Европа, ко-претседаваа претседателот на Романија Клаус Јоханес и премиерот на Луксембург Хавиер Бетел, а учествуваа претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, претседателката на Словачка Сузана Чапутова, премиерите на Грузија Иракли Гарибашвили, Норвешка Јонас Гар Сторе и Италија Џорџија Мелони.

Можете да прочитате

„Реквием“ на Моцарт ја отвора новата сезона на Националната опера и балет

Филипче: Јавното здравство е во колапс, приватните болници му диктираат на министерот 

ФЗО ќе ги презентира активностите за измени на Правилникот за плаќање на услугите во примарната здравствена заштита