Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Обезбеден е гас од Србија за училиштата и болниците

Ковачевски: Обезбеден е гас од Србија за училиштата и болниците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека е обезбеден гас од Србија за училиштата и болниците.

dobivaj vesti na viber

Како што објави Ковачевски на социјалните мрежи, Белград решил да ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас.

„Ветив дека ќе направиме сѐ и дека ќе работиме секојдневно за никој да не мора сам да се справува со оваа криза. Струја, енергенси и храна, мора да има за сите. Токму затоа, по интензивна комуникација со колешката Брнабиќ, официјален Белград реши да ја изземе Северна Македонија од забраната за извоз на природен гас. Преку политиките на добрососедство, тесната соработка во рамки на Отворен балкан, но и партнерскиот однос, во време на енергетска криза обезбедуваме поддршка онаму каде највеќе треба, компресиран гас за училиштата и болниците во многу градови низ земјата“, пишува Ковачевски.

Можете да прочитате

Локализиран пожарот во Крива Паланка

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Шукова: Македонски јазик и идентитет се дел од Европа и светот и за тоа нема дискусија