Утрински Весник
Свет

Ковачевски – Новак: На Европа ѝ е потребна Северна Македонија

Ковачевски – Новак: На Европа ѝ е потребна Северна Македонија

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, се сретна со претседателката на Унгарија, Каталин Новак.

dobivaj vesti na viber

На состанокот е изразено очекување дека оваа посета ќе даде поттик за интензивирање на билатералните односи помеѓу двете држави, особено што ова е прва посета на унгарски претседател на Северна Македонија во последните 20 години.

Пренесена е јасна порака дека нашата држава може да смета на натамошната поддршка од Унгарија во европските интеграции.

Оценето е дека Република Северна Македонија ѝ е потребна на Европската Унија, во делот на безбедноста и стабилноста и како држава што практикува европски вредности и чија култура е посебна и европска и ќе го збогати европското семејство на народи, држави и култури.

Заеднички е оценето дека европските интеграции на Северна Македонија во Европската Унија се од национално и од стратешко значење за нашата држава, но и за целиот Западен Балкан и на Европа и затоа е потребен фокус на сите политички субјекти во државата кон реализацијата на оваа цел.

Ковачевски се заблагодари за гласната поддршка на Унгарија за европските перспективи на Република Северна Македонија, како и за поддршката на проширувањето на ЕУ како најважна стратешка политика на Европската Унија.

Премиерот Ковачевски нагласи дека за Северна Македонија, зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан е еден од врвните надворешнополитички приоритети на земјата и дека Владата е цврсто посветена на дијалогот како механизам за решавање какви било отворени прашања. Тој посочи и на определеноста на Владата кон спроведување на реформите, што се одвива паралелно со тековното справување со предизвиците од глобалната економско-енергетска криза.

Во однос на претседавањето со ОБСЕ, премиерот Ковачевски изрази уверување дека Северна Македонија ќе придонесе во стабилноста и безбедноста на Европа во контекст на актуелните случувања поради војната во Украина, при што државата е поставена стопроцентно на линија на надворешните политики на ЕУ.

На средбата е оценето дека Северна Македонија и Унгарија имаат добра соработка како НАТО-членки, дека се бележи економската соработка со нагорен тренд, како и дека се гледаат можности за натамошен развој на трговските односи, инвестициите, енергетиката, образованието.

Премиерот Ковачевски изрази благодарност до унгарската претседателка Новак за донациите и за споделената хуманитарна помош од Унгарија за време на пандемијата.

Можете да прочитате

200 Албанци биле депортирани од Британија за осум милиони фунти со цел да се модернизираат затворите во Албанија

Детали за бомбашкиот напад во Истанбул- напаѓачите стигнале на мотоцикли (ВИДЕО)

Лекари без граници предупредуваат на епидемија на колера во Судан