Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Ние сме континуитетот на Киро Глигоров со чија мудрост стекнавме независност по мирен пат

Ковачевски: Ние сме континуитетот на Киро Глигоров со чија мудрост стекнавме независност по мирен пат
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со гордост  можеме да кажеме дека ние сме континуитетот на Киро Глигоров со чија мудрост стекнавме независност по мирен пат, и во едно турбулентно време бевме „Оаза на мирот“ на Балканот. Ова го изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски кој вечерва присуствуваше на партиската трибина организирана во Струмица.

dobivaj vesti na viber

„Ние сме континуитет и на Бранко Црвенковски и трансформацијата на општеството, на Владо Бучковски, на Радмила Шекеринска и кандидатскиот статус на државата. Ние сме континуитетот на Зоран Заев, на храбрите одлуки со кои станавме членка на НАТО, решивме децениски спорови и изградивме Едно општество за сите“, рече Ковачевски.

Додаде дека СДСМ е печатот на македонската европска идеја и напредокот од осамостојувањето до денеска. СДСМ, како што вели, е дел од континуитетот на државничките одлуки во исполнување на македонските национални стратешки цели поставени уште од независноста.

Ковачевски заклучи дека СДСМ 31 година е на вистинската страна на историјата.

 

 

Можете да прочитате

Мицкоски утре во работна посета на Кавадарци

Со концертот во Крива Паланка заврши празничниот караван „Нека трепка“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не одговори дали Филипче е со лидерот Заев во Гармиш-Партенкирхен