Утрински Весник
Македонија

Ковачевски нема да присуствува на отворањето на македонскиот културен центар во Благоевград

(Видео) Ковачевски: Никого нема да оставиме сам, кризата ќе ја пребродиме сите заедно

Премиерот Димитар Ковачевски нема да присуствува на отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

dobivaj vesti na viber

Тој смета дека отворањето на културни центри какви што се бугарските во Битола и Охрид, како и македонските во Софија и наскоро во Благоевград, ќе придонесат за зближување помеѓу граѓаните од двете земји.

„ В недела јас ќе бидам во Скопје, но ние во министерството за култура и во Владата веќе ја подготвуваме документацијата за отворање на македонски културен центар во Благоевград. Ќе се испрати барањето до Софија каде што веќе имаме отворено македонски културен центар. Верувам дека отворањето на културни центри помеѓу државите се начин на зближување помеѓу граѓаните, државите и институциите. Сметам дека сите оние кои имаат можност треба да присуствуваат на отворање на такви настани, особено оние од Благоевград и од македонските погранични места. Мислам дека тоа ги зближува граѓаните“ рече Ковачевски.

Премиерот повика да се внимава на чувствата на граѓаните при отворањето на овие културни центри, пред се мислејќи на она што се случуваше кај нас во Битола и во Охрид.

„ При отворањето на вакви културни центри да се внимава за чувстввата на граѓаните, тука пред се мислам на она што се случуваше кај нас во државата и на тој начин тие да не станат место на раздор туку на место на зближување на граѓаните од соседните држави. Такви беа и нашите реакции во однос на одредени провокации од нашиот источен сосед каде што и јас лично бев нападнат од луѓе кои не знам кои се – додаде премиерот.

Орце Костов

Можете да прочитате

Костадиновска-Стојчевска: Признанието за македонскиот јазик беше затворено прашање

Апасиев: Неодзивањето на парламентарна покана треба да се инкриминира во Кривичниот законик

Младите со конкретни барања до идните градоначалници