Утрински Весник
Македонија

Ковачевски не смета дека најавениот нов закон за здруженија треба да биде испратен во Венецијанската комисија

Македонија не очекува мигрантски бран од Русија, вели Ковачевски

На владина седница ќе ги разгледаме сите аспекти на Законот за здруженија на граѓани и кога ќе се види за време на дискусијата за кои делови треба да се направи разгледување тогаш може да се донесе одлука, изјави премиерот Димитар Ковачевски, на новинарско прашање за иницијативата од министерот за надворешни работи Бујар Османи законските измени да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски рече дека за него не е спорно нашите закони да бидат проверени од европските институции, како и дека треба да има нов закон за здруженија на граѓани, но не смета дека тој закон и сите други што се повзрани со односите со Бугарија треба да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија.

Премиерот верува дека треба да се изработи нов закон за здруженија од страна на Министерството за правда во којшто ќе учествуваат сите политички партии и експерти и каде што како основа ќе се земе германското зкаонодавство. Впрочем, како што изјави Ковачевки, Министерството за правда е задолжено и за односите со Венецијанската комисија.

„Во моментов тој закон е на сила во државата и со оглед на тоа што нашите пратеници едногласно го донеле тој закон ќе се применува. Тоа го кажав и во присуство на бугарскиот премиер на почетокот на изградбата на пругата кон Бугарија, дека македонските институции носат закони за Северна Македонија, а бугарските за Бугарија“, рече Ковачевски.

 

Премиерот оцени дека најголемата поддршка за бугарските клубови во државава пристигнала од претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој рече дека е континуитет на Ванчо Михајлов.

Можете да прочитате

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда

ДЗС: Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“

За осум месеци регистрирани нови 30 000 корисници на Националниот портал за е-услуги