Утрински Весник
Македонија

Ковачевски на средба со амбасадорката Бенгтсон: Поддршка од Шведска за напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите

Ковачевски на средба со амбасадорката Бенгтсон: Поддршка од Шведска за напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите
Dik 300x250 mk

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со Кристин Форсгрен Бенгтсон, амбасадорката на Шведска, која го завршува нејзиниот мандат во земјава.

dobivaj vesti na viber

На состанокот е потврдено искреното пријателство помеѓу двете држави и принципиелната соработка којашто се унапредува.

Соопштено е дека продолжува големата поддршка од Шведска за натамошен напредок на нашата држава во евроинтеграциите на Северна Македонија, по почетокот на преговорите, како и во реформите.

Премиерот Ковачевски се заблагодари на амбасадорката Бенгстон за поддршката од Шведска во сите демократски процеси во нашата држава, во реформските процеси значајни за граѓаните, како и на патот на евроинтеграциите.

На состанокот е разговарано и за активностите во рамки на предизвиците во енергетската област, како и за други актуелни прашања од значење за нашата држава, како и за државите од Европа и светот.

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа на патот Дреново – Прилеп, сообраќајот во прекин

Двајца Охриѓани искршиле апарат во казино па се пресметале и со обезбедувањето – веднаш се уапсени

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања – затоа изгубија 140.000 гласови