Утрински Весник
Македонија

Ковачевски изрази сочувство за трагедијата во Грција

Ковачевски изрази сочувство за трагедијата во Грција

Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски изрази сочувство до неговиот грчки колега, Киријакос Мицотакис, за железничката несреќа во која животот го загубија најмалку 36 лица, а над 80 се повредени.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да изразам сочувство до премиерот Мицотакис, до грчкиот народ, до семејствата на загинатите за трагичната несреќа што се случи вчера во Грција и да им посакам брзо заздравување на преживеаните во овој трагичен настан“, рече Ковачевски на почетокот на своето обраќање на вториот Економски форум во Скопје.

Во Грција по кобната несреќа прогласена е тродневна жалост, а голем број функционери од Европа и светот испратија пораки со сочувство за трагедијата.

Можете да прочитате

Закон предвидува 24 часа, но барање за одземање на имунитет на судијата се уште нема

Полицијата го опколи Батинци – потера по бегалец осомничен за две убиства

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“