Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Избори ќе има во 2024 година

Ковачевски: Избори ќе има во 2024 година

„Сигнали од пратеници нема. Мицкоски не знам по кој пат веќе поставува барање за предвремени избори. Јас имам многу јасен став, јас не ги менувам моите ставови како него на една недела. Избори ќе има во 2024 година во редовниот термин. Се наоѓаме во средина на енергетска и економска криза. Тоа што тој бара избори во мај всушнсот е комплимент за Владата бидејќи не сака избори во зима. Тој не сака да се справува со енергетска криза, со економска криза и комплимент е затоа што веројатно смета дека Владата одлично се справува со економската и енергетската криза бидејќи енергетската криза завршува на 30 април“ стои во одговорот на новинарско прашање на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во Битола.

dobivaj vesti na viber

Премиерот рече дела лидерот на опозицијата „бара избори во мај. Што значи јас можам само да му се заблагодарам на довербата и на министрите на економските ресори и во нивно име што веруваат и од опозицијата дека добро се справуваме со енергетската и економска криза“.

„Ние сме исто така земја која претседава со ОБСЕ, така што имаме исклучително важна улога. Исто така имаме скрининг процес кој се одвива и треба да заврши во ноември. Сигурно заради желбата на Мицкоски да оди на избори а да не работи ништо, нема да прекинуваме скрининг процес, да прекинуваме претседавање со ОБСЕ за да удоволуваме на неговите партиски желби да оди на избори. Избори ќе има во 2024 година. Во 2024 година ќе победи кандидатот за претседател кој ќе биде предложен од СДСМ и коалицијата и европска коалиција која ќе ја однесе државата во полноправно членство во ЕУ, ќе победи на парламентарните избори после претседателските“ повтори Ковачевски.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег