Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Граѓаните го препознаваат резултатот на оваа Влада во време на најголеми кризи

Img 8325

Граѓаните знаат дека успешно се справивме со енергетската криза бидејќи немавме ценовни шокови ниту кај горивото, ниту кај електричната енергија, граѓаните во анкетите јасно покажуваат дека владата има воведено правилна методологија и за раст на платата и за раст на пензиите и во однос на поддршката на компаниите, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 Телевизија.

-Владата работеше во услови на најголема светска, економска, енергетска и безбедносна криза би рекол во Европа по Втората светска војна и покажавме дека можеме да се справиме со истата. Никој не беше оставен сам во време на таа криза. Обезбедивме антикризни мерки и пакети на антикризни мерки највисоки во регионот, обезбедивме помош за сите најранливи категории на граѓани вие гледате дека немаше ниту еден протест на земјоделците во најкризните години, рече Ковачевски.

Претседателот Ковачевски потенцираше дека СДСМ успеа да воспостави методологија и постојано да растат платите и пензиите.

-Успеавме да воспоставивме методологија за раст на пензиите, методологија за раст на минималната плата, странските инвестиции се зголемени. Ако ги погледнете анкетите граѓаните апсолутно знаат да препознаат дека во нашата држава демократијата е драстично подобрена и унапредена во однос на 2016 година, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски вечерва во интервју за Канал 5 Телевизија

Можете да прочитате

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали